50 ГОДИНИ ОД ПРАШКАТА ПРОЛЕТ Денот кога ,,Дунав” го поплави Карловиот мост

Незаборавник: 21 август 1968, 50 години од Прашката пролет. Југославија и Тито непоколебливо на страната на Чехословачка

1062

Од полноќта што го означи почетокот на 21 август 1968-та ништо во Прага и тогашната Чехословачка (денес Чешка и Словачка) не е исто. Тогаш започна операцијата ,,Дунав” – трупите на Варшавскиот договор влегоа во Чехословачка и брутално го запреа текот на демократските реформи на Александар Дубчек, започнат на 5 јануари. Реформите се одвиваа под мотото: Социјализам со човечки лик.
Се бараше либерализација на земјата, самоуправување, одвојување на партијата од државата, укинување на цензурата… Советското раководство се колебаше што да преземе против своеглавоста на Прага, која тивко се прошируваше и во другите земји на Варшавскиот договор и се закануваше со раскол. Кремљ отсекогаш реформите ги сметал за опасен вирус. Згора на тоа, за разлика од Полска, Унгарија и ДР Германија, во Чехословачка немаше советски воен контингент.

Во загушувањето на Прашката пролет учествуваа пет земји на Варшавскиот пакт (СССР, Унгарија, Полска, Романија и Бугарија), но, нели најголема е одговорноста на лидерот. Испратени се стотици илјади војници и илјадници тенкови и се изврши молскавична инвазија во ноќта меѓу 20 и 21 август. Како што веќе е речено, војската на Чехословачка не пружи отпор. Наместо отворен конфликт, чешките лидери ја одбраа тактиката на итриот Швејк – да се примат околностите какви што се и од нив да се извлече максимална полза.

Долго патување во мракот

Цели четири дена Дубчек во тенк е префрлен во Москва, каде што на преговори било повикано целото раководство на земјата. Некои ги помирисале и тајгите на Сибир, а некои – од иста ,,болест” пелцувани – подоцна умреле од леукемија. Лидерот на тогашниот Советски Сојуз Брежњев, автор на доктрината за ,,ограничен суверенитет”, знаел како се кршат и духот и телото. Врв на окупаторскиот цинизам: во наредните неколку месеци, од милион Чеси и Словаци се бараше да потпишат изјава со која се поздравува ,,братската” помош на Москва.

Во текот на инвазијата загинале 72 Чеси и Словаци, а над 250 биле тешко ранети. Во Москва е потпишан тнр. Московски протокол со кој се предвидувало потиснување на опозицијата, враќање на цензурата и разрешување на одредени реформисти. Во април следната година Дубчек е сменет од челната партиска позиција, а на негово место доаѓа Густав Хусак. Тоа е, во најкуси црти, сувопарниот говор на фактите.
Но, зад фактите е – животот. Во случајов, спонтаниот граѓански протест кој кулминира со самозапалувањето на студентот Јан Палах на централниот градски плоштад на 16 февруари 1969 година и еден месец подоцна, на истото место, на уште помладиот Јан Зајец. Ќе остане запаметено дека репликата во операта на Сметана ,,Продадена невеста” – ,,Ќе го искинеме тој договор”, со јасна алузија на Варшавскиот договор, беше проследувана со долги аплаузи, за претставата набргу да биде симната од репертоар. Од тоа време ќе остане и романот ,,Неподнослива леснотија на постоењето” на живиот класик Милан Кундера, кој од 1970 година живее во Франција. Чехословачка ја напушти и неодамна починатиот филмски режисер Милош Форман, кој оствари врвни светски резултати. Како што рече самиот тој во една прилика ,,трагедијата на сломот на Прашката пролет е во тоа што на учесниците ни на крај ум не им било да ја урнат социјалистичката власт. Ако го сакале тоа, би се користеле со поитри трикови, би работеле сосема поинаку. Но, тоа беше чесен свет, кој не се чувствуваше виновен, кој беше отворен и искрен. Таквото нивно однесување ги разгневи сталинистички расположените , крути, старомодни, конзервативни членови на партијата од другите земји”. Окупацијата предизвика силен бран а емиграција – се проценува дека веднаш заминале 70.000, а вкупно околу 300.000 жители, најмногу висококвалификувани. Мнозинството Чеси и денес, како што говорат анкетите, не се подготвени на Русите да им ја простат окупацијата.

Југославија и Тито непоколебливо на страната на Чехословачка

Кога сме кај ,,другите земји” не може, а да не ја спомнеме Југославија и нејзиниот лидер Тито, кој од самиот почеток отворено и силно ја поддржуваше Прашката пролет. Исклучително важна улога во утврдувањето на ваквиот став имаше Трпе Јаковлевски, тогашен амбасадор на Југославија во тогашна Чехословачка. Јаковлевски од самиот почеток на конфликтот на Чехословачка и СССР јавувал дека бо најтесното раководство на КПЧ постојат луѓе кои ,,стојат на советски становишта”. Тој информира за првото писмо на ЦК КПСС, телефонскиот разговор Дубчек-Брежњев, како и за некои аспекти на ситуацијата во ЧССР – повлекувањето на советските единици од 11 јули 1968. Наводите на југословенскиот амбасадор Јаковлевски за поделбата на конзервативни и прогресивни ги потврди и самиот Јозеф Смрковски. Во разговорот со Јаковлески тој истакнал дека прогресивниот дел на раководството е свесен дека Советите сакаат да направат поделба во врвот на КПЧ и дека конзервативните стојат цврсто при советските ставови, но прогресивниот дел на раководството успеал да ги уплаши со можноста да ги изгубат функциите доколку не застанат зад прогресивното мнозинство во Претседателството. Ова се само некои од оценките на Дубчек, Смрковски и Пеликан за натамошните изгледи на ситуацијата по Пленумот на ЦК КПЧ, во разговорот на Јаковлески воден со Смрковски и Пеликан на 19 јули на приемот во аммбасадата на Романија. А агилниот југословенски дипломат Јаковлески, не долго време по советската инвазија на Чехословачка, во чудни (но веќе видени) околности преживеа сообраќајна несреќа во која камион налета на неговиот службен автомобил.
Како што одминуваше времето, од ден на ден, советскиот притисок врз Чехословачка стануваше сè посилен. Некои историчари проценуваат дека во јули 1968-та, еден месец пред инвазијата, тој притисок бил речиси идентичен на притисокот на кој била изложена Југославија во 1948-та, дури, во извесни аспекти и го надминувала, што југословенското раководство не го оставало рамнодушно.

Најзначаен израз на југословенската поддршка беше согласноста на Тито да ја посети Чехословачка. Делегацијата на ЦК СКЈ предводена од Тито слетува на прашкиот аеродром на 9 август околу 17 часот. Ги пречекуваат огромен број Пражани. Врвот е достигнат пред самите Храдчани (претседателскиот замок на Чешка), каде што се насобрале многу граѓани и одбиле да се разотидат додека не им се обрати Тито, иако негово обраќање не било предвидено. Набрзина се инсталирани микрофони и звучници и Тито ги поздравил насобраните со зборовите: ,,Ја користам оваа прилика да ви ги пренесам поздравите и најубавите желби на нашите народи”.

Покрај Тито, во разговорите со чехословачкиот партиско-држвен врв учествуваат и Мијалко Тодоровиќ, Крсте Црвенковски, Стане Кавчич и Трпе Јаковлевски, тогашен амбасадор на Југославија во тогашна Чехословачка. Јаковлевски од самиот почеток на конфликтот на Чехословачка и СССР јавувал дека бо најтесното раководство на КПЧ постојат луѓе кои ,,стојат на советски становишта”. Тој информира за првото писмо на ЦК КПСС, телефонскиот разговор Дубчек-Брежњев, како и за некои аспекти на ситуацијата во ЧССР – повлекувањето на советските единици од 11 јули 1968. Наводите на југословенскиот амбасадор Јаковлевски за поделбата на конзервативни и прогресивни ги потврди и самиот Јозеф Смрковски. Во разговорот со Јаковлески тој истакнал дека прогресивниот дел на раководството е свесен дека Советите сакаат да направат поделба  во врвот на КПЧ и дека конзервативните стојат цврсто при советските ставови, но прогресивниот дел на раководството успеал да ги уплаши со можноста да ги изгубат функциите доколку не застанат зад прогресивното мнозинство во Претседателството. Ова се само некои од оценките на Дубчек, Смрковски и Пеликан за натамошните изгледи на ситуацијата по Пленумот на ЦК КПЧ, во разговорот на Јаковлески воден со Смрковски и Пеликан на 19 јули на приемот во аммбасадата на Романија. А агилниот југословенски дипломат Јаковлески, не долго време по советската инвазија на Чехословачка, во чудни (но веќе видени) околности преживеа сообраќајна несреќа во која камион налета на неговиот службен автомобил.

Како што одминуваше времето, од ден на ден, советскиот притисок врз Чехословачка стануваше сè посилен. Некои историчари проценуваат дека во јули 1968-та, еден месец пред инвазијата, тој притисок бил речиси идентичен на притисокот на кој била изложена Југославија во 1948-та, дури, во извесни аспекти и го надминувала, што југословенското раководство не го оставало рамнодушно.

Најзначаен израз на југословенската поддршка беше согласноста на Тито да ја посети Чехословачка. Делегацијата на ЦК СКЈ предводена од Тито слетува на прашкиот аеродром на 9 август околу 17 часот. Ги пречекуваат огромен број Пражани. Врвот е достигнат пред самите Храдчани (претседателскиот замок на Чешка), каде што се насобрале многу граѓани и одбиле да се разотидат додека не им се обрати Тито, иако негово обраќање не било предвидено. Набрзина се инсталирани микрофони и звучници и Тито ги поздравил насобраните со зборовите: ,,Ја користам оваа прилика да ви ги пренесам поздравите и најубавите желби на нашите народи”.

Покрај Тито, во разговорите со чехословачкиот партиско-држвен врв учествуваат и Мијалко Тодоровиќ, Крсте Црвенковски, Стане Кавчич и Трпе Јаковлевски, амбасадор на СФРЈ во Прага. Тито знаел дека покрај Дубчек, Черник и Свобода, во разговорите учествуваат и ,,други членови” на ЦК на КПЧ, па некои делови од своето излагање ги прилагодувал според нашата народна: ,ти говорам свекрво, сети се снао”, односно: ,, Ти велам Дубчек, сети се Брежњев”. Знаел дека ,,другите членови (Васил Билак и Алоис Индра) веднаш ќе ја информираат Москва со сè што е речено. На пример, Тито и останатите југословенски функционери со својот јавен став дека ,,чехословачките другари ги држат работите во свои раце” му се спротивставиле на советскиот врв кој тврдел дека ,,врвот на КПЧ ги испуштил работите од раце”. Пред ,,другите другари” Тито зазел непомирлив став за борбата против непријателите на социјализмот. Всушност, обраќајќи и се на Прага, Тито разговарал со Москва.

На 21 август пред половина век се покажа дека не може на еден народ, особено на еден народ со таква демократска традиција и култура, да му се наметне еден систем. Тоа беше и своевиден почеток на компромитација на советскиот систем и обелоденување на неговите слабости. И време кога се продлабочија разочарувањата кај многу западни левичари, особено во меѓу еврокомунистите кои тогаш беа во подем.

Потоа историјата одеше по својот пат: Хавел, Динтсбир, Млинарж, Бек и Когут во 1976 година го основаа движењето Повелба 77, коешто потраја до 1992 година. Во меѓувреме, во 1989 година падна Берлинскиот ѕид и се случи прашката кадифена револуција. Првиот претседател на демократска Ќехословачка, а потоа и на Чешка, беше Вацлав Хавел, а на 1 април 1993 година Чешка и Словачка се разделија најмирно што може. Обете земји сега се органски дел на Европската унија, од година во година сè попросперитетни. Не се тоа веќе оние земји во кои пред триесетина и повеќе години се перчевме со 100 германски марки во џепот. Во историјата бидува така: тркалото на среќата да се врти…

(FILES) Prague residents shown in a photo dated 21 August 1968, surrounding a Soviet tank on the Wenceslas Square in Prague during confrontations between demonstrators and the Warsaw Pact troops and tanks, who invaded Czechoslovakia to crush the newfound freedom and re-establish a totalitarian regime. East German ex-communists apologized 14 August for 1968 Prague invasion.

ИНВАЗИЈАТА НИЗ БРОЈКИ

– СССР испрати 18 моторизирани тенковски дивизии, 22 авијациски и хеликоптерски полкови со вкупно 170.000 војници;

– Полска испрати пет пешадиски дивизии и 40.000 војници;

– ДРГ – 15.000 војници, главно во моторизирани бригади;

– Унгарија – осум дивизии со 12.000 војници;

– Бугарија – 2.200 војници и еден тенковски баталјон со 26 тенкови Т-34.

Романија одби да испрати свои војници.

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ФОТО: EPA FILES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...