„Информираме, не судиме!“ е слоганот под кој од втората половина на јануари, на телевизијата Канл 5 ќе почне да се снима нов ТВ проект насловен како „5 минути факти”, информира телевизијата.
„Пет минути факти” е петминутна емисија од информативен карактер, која ќе ја подготвува тим од петмина новинари и која ќе се емитува на почетокот на централниот дневник во 18 часот.
Од телевизијата велат дека 5МФ ќе се труди да ги идентификува и на траспарентен начин и без предрасуди да ги прикаже пред јавноста оние настани кај кои се детектирани корупција, недостаток, трасформација и селективо користење и злоупотреба на факти или говор на омраза.
5МФ на Канал 5 ќе се реализира со поддршка на УСАИД, агенцијата на САД за меѓународен развој.