Франција ја победи Белгија со 1-0 и обезбеди пласман во финалето на Светското првенство во Русија.
Во првото полувреме Белгијците имаа поголема контрола на теренот и извршија посилен притисок врз францускиот гол, но сепак и покрај шансите на двете страни на паузата се замина без голови.
Подобрата игра на Французите беше наградена во шестата минута од второто полувреме, кога по корнер од десната страна на вистинското место се најде Самуел Умтити и погоди со глава за водство на Франција од 1-0.
Белгија се обидуваше, но не успеа до крајот на мечот да постигне израмнувачки гол.
Франција ќе го чека подобриот од утрешниот натпревар меѓу Англија и Хрватска, кој се игра од 20 часот во Москва, а Белгија ќе се бори за третото место со поразениот од тој дуел.
EPA/ETIENNE LAURENT