Од областа на здравството, денеска Владата ја прифати предлог-програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2019 година.
Програмата ќе овозможи континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести во Република Македонија и за неа се обезбедени вкупно 380 милиони денари, се наведува во соопштението од владината седница.