372 милиони евра ќе се слеат во џебот на вработените

Таргет се 750.000 вработени во државата, од кои 140.000 се од јавната администрација, другите 610.000 граѓани работат во приватниот сектор.

290

Покачувањето на платите во јавната администрација не е доволна мерка, смета премиерот Зоран Заев кој најави дека Владата ќе работи на создавање можности за покачување на платите на сите граѓани.

– Веруваме дека со капиталните инвестиции што се намалени за 50 милиони евра, а од нив остануваат 372 милиони евра, правиме одлична релокација на јакнење на човечкиот капитал. Ќе продолжиме и понатаму. Мораме да ги видиме сите плати на граѓаните. Затоа зборуваме за таргет од 750.000 вработени во државата, од нив 140.000 се од јавната администрација, другите 610.000 се граѓани коишто работат во приватниот сектор и тоа сакаме да направиме. Навистина финансиската ликвидност на Буџетот тоа го овозможува. Разговараме со коморите и со синдикатите и верувам ваквите политики ќе дадат резултат – изјави премиерот Заев.

Тој смета дека вложувањето во човечките ресурси за државата е значајно исто колку и капиталните инвестиции, особено, како што вели, во недостиг на работна сила, но и потреба за надминување на сиромаштијата и формирање средна класа која изминатите триесеттина години се изгубила. Тоа, како што изјави денеска, го овозможува ликвидноста на Буџетот и државата освен за капитални инвестиции има средства и за зголемување на плати, за субвенционирање на зголемување на платите, но и поголема помош на ранливите категории граѓани.

– Човечкиот ресурс за нас е исто така драгоцен, како што е капиталниот ресурс што државата го создава посебно во време на недостаток на работна сила. Преку ребалансот на Буџетот се отсликуваат нашите политики, прво преку јакнење на човечкиот капитал, имаме мотивација за подигање на платите, подигање на социјални можности коишто ги зголемуваме до 300 отсто, детскиот додаток, социјалната државна пензија и слично, тоа е сѐ дел од владината Програма – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...