How does it feel
To be on your own
With no direction home
Like a complete unknown
Just like a rolling stone?
Македонците вчера решија да и покажат црвен картон на “елитата” која со години наназад го потценува достоинството на граѓанинот.
На гротескните политички ликови кои функционираат како паразити, спакувани и збогатени во деловно-научен сендвич заради подобар вкус кај потрошувачите.
И сега избирачкиот список е проблем г-не Премиер? Европска Македонија е проблем? Граѓаните просто решија да соопштат дека немаат доверба во носителите на политичките процеси во земјава. Во таа концентрација на корупција и криминал решија да не учествуваат, решија и соопштија дека немаат доверба.
Колкумина од оние кои сериозно го “ протресоа “ општеството во декември 2014 и денеска го имаат истото чувство на “исклученост” ? Понудивте нешто квалитативно поинаку?
Двата длабоко вкопани табори ќе продолжат и понатаму со своите победнички математики предизвикувајки дополнителна поларизација на општеството бидејќи и понатаму ќе бидат “завиткани” во сопствената таинственост, “ мудрост и неопходност”.
Независно што решението можеби им е пред носот, нема да посегнат по него затоа што толку знаат – тие не се дел од решението, тие се проблемот.
Можеби некој од многуте “ лидери” во земјава ке собере малку храброст и ќе и твитне на Могерини – преговараме во името на никој!
Како што разни Бајрамовци не се персонификација на НАТО и ЕУ, уште помалку Молњата Влахова пример за патриотизам, така и македонските граѓани не гласаа против Западот, а против домашниот ориентализам.
Авторот е претседавач на Националниот комитет на ГДУ