Полициски службеници од СВР Битола во периодот од викендов извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 34 возачи управувале возило без возачка дозвола, 17 возила биле нерегистрирани, 13 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, 32 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
34 битолчани возеле без возачка, а 32 возеле пијани, сите исклучени од сообраќај
loading...