30 убиени во судир на сточари и крадци на стока во пограничен регион во Судан

134
Најмалку 32 лица се убиени денеска во напад на наводни крадци на стока во еден пограничен регион за кој спорат Судан и Јужен Судан, бидејќи е богат со нафта.
Покрај 32-та мртви, вклучувајќи и жени и деца, ранети се уште 24 лица, додека 15 се грабнати, меѓу кои има и деца, за француските медиуми изјави Коул Алор Куаол, главен администратор на регионот Абјеи.
Тој додаде дека во текот на нападот биле запалени и 20 куќи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...