Приближно триесет кубни метри отпад се собрани за два дена од две диви депонии лоцирани во општината Чаир. Едната дива депонија се наоѓала до ООУ „Тефејуз“, каде што во ноќните часови, од страна на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во третата смена, се расчистени дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.
Другата дива депонија била лоцирана во непосредна близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија се употребени специјални комунални возила – втоварувач и камион.