На осомничената шефица на СЈО, Катица Јанева Кривичниот суд и одреди притвор во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари во траење од 30 дена..
Притворот е определен во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.
Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.
Во притвор за „Рекет“ веќе се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.