3.716 ќебиња за настраданите во земјотресот во Драч

79

Министерството за одбрана предложи, а Владата на денешната седница прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, што се состои од 3.716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата денеска ја одобрила и постапката за преговори за потпишување Спогодба меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за отворање нов заеднички граничен премин „Лојане-Миратовац“.

На владината седница била усвоена и информацијата за потпишување Договор за грант за набавка на музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...