3.000 фантоми ќе добијат документи

Утре ќе биде објавен оглас за пријавување на граѓаните кои не се евидентирани во матичните книги.

668

Управата за водење на Матични книги  утре ќе го отвори Огласот за пријавување на лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, и тој ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија.

Пријавувањето ќе трае 6 месеци (од 2 април  до 30 септември 2018 година).

Во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште.

Ова денеска на прес конференција го соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Според неа, на овој начин ќе се реши проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени

Во меѓувреме ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процеси, со цел да им се обезбеди навремена услуга на засегнатите граѓани.

По завршување на сите фази ќе се утврди точната бројка на лица неевидентирани во матична книга на родени.

Тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на здравствена и социјална заштита и образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...