Поминаа 27 години од премиерата на филмот на Мик Џексон „Телохранител“ („The Bodyguard“) во кој главните улоги ги толкуваа Витни Хјустон и Кевин Костнер, а актерот дури сега ја откри големата тајна на оваа драма.
„Телохранител“ беше еден од оние филмови кои ги обележаа 1990-те години и еден од оние кои порачуваа: „Љубовта е единствено важна и љубовта не избира ниту време ниту професија ниту место“.
За публиката и пред гледањето на филмот да ја почувствува силата на таквата љубов, „Телохранител“ најавуваше ваков постер:
Милиони луѓе сè досега беа убедени дека на постерот се Витни и Кевин.
– На фотографијата, всушност, не беше Витни. Таа замина дома, а таа девојка која ја носам во прегратка е нејзината двојничка. Секако дека не ѝ се гледа главата, затоа што е наслонета на моето рамо, што и беше прикладно. Беше исплашена – изјавил актерот за интервју за „Ентертејнмент викли“.
Еден магичен момент помалку за „Телохранител“, но магијата која Рејчел и Френк ја создадоа на филмското платно е неуништлива, токму како и песната која го следи филмот, а која ја отпеа Витни, и понатаму се слуша.