Додевски поради закани и притисоци се откажал од бранење на вмровски челници?!

426

Досегашниот претседател на адвокатската комора Никола Додевски поради притисоци и закани морал да се повлече од бранење на челниците на ВМРО-ДПМНЕ во постапките што ги покрена СЈО, тврдат за Сведок обвинети, на кои Додевски им беше адвокат.

Според нив, Додевски добил сериозни закани да се повлече од одбраната, а покрај тоа што ќе биде сведок во „Титаник“ против него била отворена истрага во СЈО, а истрага отворила и Финансовата полиција.

Тие ги испитуваат приливите кои ги добивал Додевски од разни јавни претпријатија и институции, за подоцна, да стане адвокат на речиси сите осомничени во постапките пред СЈО.

Од денеска, Додевски ја напушта и челната позиција во Адвокатската комора.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...