Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје активно ќе се вклучат во акцијата за чистење на кабас отпад со 256 вработени кои на 26 и 27 јули ќе го собираат отпадот на скопските улици.
Покрај вработените од страна на претпријатието ќе бидат ангажирани и 12 средни товарни возила, 15 мали товарни возила, 4 скипа и 2 камиони распределени во двата дена.
Претпријатието апелира до сите граѓани да се приклучат во оваа акција и со тоа да учествуваат во создавање на здрава и чиста животна средина.