24. мај – Денот на Кирил и Методиј ќе се празнува и во Србија

326
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

На седница на Владата на Србија вчера е усвоен Предлог на законот за дополнување на Законот за државните и други празници во Република Србија со кој се предлага 24. мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј, јавуваат српските медиуми.

Со тој празник, како што се наведува, ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, којашто ја втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачи на словенската книжевност и творци на првото словенско писмо – глагољицата, соопштила прес-служба на Владата на Србија.

24. мај во Србија ќе биде државен празник и работен ден.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...