24 Вести: Градоначалникот Марин со 73.000 евра преку приватна агенција ќе ги информира аеродромци што ќе сработи за нив

Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис, оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“

1810

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, склучи договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. Но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, пренесува Tелевизијата 24 Вести. 

Договорот е склучен минатата недела. А имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МККАН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис, оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“

Програмата е обемна и опфаќа активности и проекти од повеќе области. Општинската администрација е задолжена за реализација на програмата, додека улогата на професионалната маркетиншка агенција е преку нивните креативни, стратешки и експертски услуги да овозможи дополнителна поддршка за уште поефикасно креирање, организирање, информирање, презентирање и вклучување на граѓаните во сите тие активности, проекти и акции.“ – одговорија од Општина Аеродром.

Повеќе на 24 вести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...