Надал четврти тенисер на светот со 400 победи

Пред него оваа бројка ја достигнале Томас Мустер (422 победи 127 порази), Мануел Орантес (502 победи и 150 порази) и Гилермо Вилас (659 победи и 162 загубени меча).

122
ФОТО: EPA/MARK LYONS

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стана четврти тенисер во историјата со 400 победи (има 35 порази).

Пред него оваа бројка ја достигнале Томас Мустер (422 победи 127 порази), Мануел Орантес (502 победи и 150 порази) и Гилермо Вилас (659 победи и 162 загубени меча).

Од аспект на победнички процент, Надал е најдобар со 92% успешност, пред Бјорн Борг кој 86% од мечевите ги решил во своја полза.

Надал денеска од 16 часот го игра финалето на АТП турнирот во Барселона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...