Министерството за труд и социјална политика информира дека 23 октомври вторник, Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Тоа е согласно со Законот за празниците на РМ „Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.