23-годишник од пробиштипско село обљубил малолетничка, па го привеле

698
Фото: МВР

Дваесет и три годишно момче од пробиштипското селото Трипатанци, е приведен поради обљуба на малолетничка.

Т.С., како што соопшти МВР бил лишен од слобода, бидејќи завчера околу 23:00 часот, со изговор за заеднички брачен живот, извршил обљуба врз малолетничка.

Тој следниот ден му се јавил на нејзиниот родител и му соопштил дека малолетничката ја однел во својот дом.

По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесенa кривична пријава по член 188 од КЗ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...