Маврово исто како Гармиш-Партенкирхен, ама само по цените на пијалаците ФОТО

2178

Не може секој да си дозволи толкав луксуз да седне во кафуле среде Маврово и да се напие кафе или сокче. Така барем говори фотографијата од еден мавровски ценовник, која деновиве буквално ги преплави социјалните мрежи.

Па така, за да испиете едно обично еспресо за кое обично плаќаме од 50 до 60 денари, во Маврово ќе треба да издвоите 90 денари. За макијато, кое обично чини 80 денари, таму ќе треба да платите 150 денари. Цената на нескафето во Маврово изнесува 150 денари, додека, пак, ирското кафе чини 450 денари.

Интересни се цените и на безалкохолните пијалаци. Негазираната и газираната вода чинат 90 денари, додека, пак, за свежо цеден сок треба да платите 225 денари.

Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...