20.000 научници потпишаа писмо со предупредувања за Земјата

Тој документ полека станува еден од најразгледуваните научни списи воопшто, а потписниците истакнуваат дека конечно успеале да влијаат на политиката.

272
EPA/FRANCIS R. MALASIG

Сериозните предупредувања за иднината и предвидувања на катастрофи за човештвото, земаат сѐ поголем замав. Писмото првпат објавено лани во ноември, досега го потпишале 20.000 научници.

Тој документ полека станува еден од најразгледуваните научни списи воопшто, а потписниците истакнуваат дека конечно успеале да влијаат на политиката.

Првото предупредување со 1.700 потписи пристигна пред 25 години од Унијата на загрижени научници, но експертите денес сметаат дека ситуацијата е многу полоша отколку во 1992 година.

Човештвото се соочува со поголеми егзистенцијални проблеми и трошење на ограничени ресурси, нагласуваат научниците. Научниците, медиумите и мрзливите луѓе не се борат против тоа, се вели во новото писмо објавено во списанието „Биосаенс“.

Професорот Вилијам Рипл во име на потписнициите на писмото, истакна дека нивното предупредување кон човештвото има голем одѕив и со писмото „го погодиле проблемот во сржта“, привлекувајќи го вниманието на јавноста.

Доколку во скоро време не се преземе нешто, ќе дојде до катастрофално уништување на растителниот свет и пораст на човечката сиромаштија. Научниците сега, заедно со економистите, мораат да го пренасочуваат својот фокус кон зачувувањето на планетата, се додава во статијата.

Фото: EPA/FRANCIS R. MALASIG

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...