Шеесет и едногодишен пешак од Скопје утринава починал откако бил удрен од камион со приколка со скопски регистарски ознаки.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, кога камионот управуван од К.Р.(40) од Велес, удрил во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.