Двајцата независни советници од Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски како и граѓани кои се дел од иницијативата „Поинаку“, самоиницијативно ја средија Белата чешма во Битола.
Станува збор за истата група која со маички на кои на англиски пишуваше „Кажи им на облаците дека Битола умира“, се појавија на црвениот тепих на отварањето фестивалот „Бараќа Манаки“.