Како што тргнало, на Филолошкиот факултет ќе има повеќе професори од бруцоши

3527

Слаб е интересот кај младите за студирање на македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Иако има по 80 слободни места на тие две катедри, на Македонска книжевност се запишале само тројца, а на Македонски јазик според конечните ранг листи од првиот уписен рок, вкупно 15 бруцоши. Во првиот уписен рок досега се примени 282 лица за 11-те катедри на овој Факултет.

– Факт е дека опаѓа интересот за некои студиски програми. Причините за тоа се нејасни. Јас на оваа тема разговарав со деканката на Филолошкиот факултет, криво ни е што за една ваква важна програма, гледаме вака од година на година да се намалува интересот. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ наредната година да стимулираме повеќе студенти да се запишат на овие студии – рече ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, за Плусинфо.

Од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје велат дека годинава со 15 запишани во првиот рок, поголем бил интересот за македонски јазик во споредба со лани.

– Во однос на македонски јазик, сега за сега сме задоволни од интересот, многу подобро е од минатата година, а за другото се прават анализи, па кога ќе имаме одговор, ќе ве имаме предвид – рекоа од Филолошкиот факултет.

Оттаму додадоа дека можна е промена на состојбата по другите два уписни рока.

За студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан први“ според прелиминарна ранг листа, се примени 12 нови студенти од празни 70 места.

Според прелиминарните ранг листи, политички студии на англиски јазик ќе изучуваат засега 7 лица, а на македонски 20 лица, на односи со јавноста засега се примени 28 лица, а на правни студии 283 лица.

На Филолошкиот факултет, според конечните ранг листи од првиот уписен рок, вака стојат работите:

Албански јазик и книжевност – наставна насока – Вонредни (1)

Албански јазик и книжевност – наставна насока – Државна квота (25)

Албански јазик и книжевност – наставна насока – Приватна квота (11)

Албански јазик и книжевност – преведување и толкување – мајчин – Државна квота (5)

Албански јазик и книжевност – преведување и толкување – немајчин – Државна квота (3)

Англиски јазик и книжевност – Вонредни (2)

Англиски јазик и книжевност – Државна квота (55)

Англиски јазик и книжевност – Нерангирани (3)

Англиски јазик и книжевност – Приватна квота (49)

Англиски јазик и книжевност – Специјални услови (2)

Германски јазик и книжевност – Државна квота (15) + 1 вонреден

Италијански јазик и книжевност – Државна квота (24) + 1 вонреден

Италијански јазик и книжевност – Факултетско образование – (1)

Македонска книжевност и јужнословенски книжевности – Вонредни (1)

Македонска книжевност и јужнословенски книжевности – Државна квота (2 студентки)

Македонски јазик – Вонредни (2)

Македонски јазик – Државна квота (13)

Општа и компаративна книжевност – Вонредни (1)

Општа и компаративна книжевност – Државна квота (5)

Руски јазик – Државна квота (6)

Чешки јазик – Државна квота (1)

Француски јазик – наставна и преведувачко/толкувачка насока – Државна квота (9)

На Филолошкиот факултет, според нивната веб-страница, има 57 редовни професори, 18 вонредни професори, 22 доценти, седум виши лектори, седум лектори и двајца асистенти, плус библиотекари за секоја од 11-те катедри.

За македонска книжевност и јужнословенски книжевности, според веб страницата, предвидени за предавање се 17 лица, од кои 13 професори, двајца доценти и двајца асистенти.

Еве колку места биле слободни на факултетите според конкурсот:

Сите резултати од првиот уписен рок тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...