Фелисите Томлинсон, сестрата на британскиот пејач и поранешен член на бендот „Уан дирекшн“, Луис Томлинсон (27) е пронајдена мртва. Како што пренесуваат британските медиуми, 18-годишната сестра на поп-ѕвездата наводно починала од последици од срцевиот удар.
Нејзиното тело го пронашле во станот во Лондон каде што веќе извесно време живеела, а и покрај исклучителните напори на итната помош која брзо пристигнала, лекарите единствено можеле да прогласат смрт.
Обдукцијата ќе покаже за што, вусшност, станува збор и која е точната причина за смртта на младата девојка. Полицијата потврдила дека покрај Фелисите не е пронајдена дрога ниту каква било друга недозволена супстанција.
Луис е скршен поради ненадејната смрт на својата сестра, а оваа трагедија му паднала уште потешко, бидејќи пред само три години ја изгубил мајка си, која во 2016 година починала од леукемија.
Фелисите ја сакала модата и се занимавала со моден дизајн, а наводно планирала да ја издаде и својата прва книга.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин