18-годишен син со нож го пробол татка си

Татково бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

408
20151109 Monday 1141 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica

Битолчанец на 50-годишна возраст вчера бил прободен со нож од неговиот осумнаесетгодишен син при семејна расправија.

Како што соопшти МВР, во 14:15 часот било пријавено дека во Битола на булеварот 1. Мај при семејна расправија К.Ѓ. со нож го пробол својот татко А.Ѓ. во пределот на грбот. А.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...