17 години од масакрот кај Вејце, почит за загинатите

261

Денеска се навршуваат 17 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде свирепо беа убиени осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Во Битола денска и беше одддадена почит на на загинатите Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски. Во масакрот кај Вејце,  загинаа и бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица.

Делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот Ангел кај градскиот часовник, како и на нивните вечни почивалишта во с. Породин, Долно Оризари, на старите гробишта во Битола, и пред споменикот во с.Ивањевци.

Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, кога припадници на т.н. ОНА извршија напад врз патролата на безбедносните сили.

Извор и фото: Тера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...