16-годишната девојка нема коронавирус, излекувана е првата пациентка

970

Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот: https://vlada.mk/node/20446.

Апелираме до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат препораките на Министерството за здравство.


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...