Шилегов организира утре на плоштад заедничко бодрење на Вардар

846

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку својот профил на Фејсбук повика утре во 18 часот на заедничко бодрење и следење на Вардар во финалето на Ф4 против Веслем на скопскиот плоштад.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар!!! Едно е Скопје!!!“, напиша Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...