150 гости уживаа во убавините на Вевчани со Мапа на културата

129

Во саботата се одржа едноднeвна екскурзија со посета на селото Вевчани, како дел од активноста „Мапа на културата“, организирана од Еуролинк осигурување.

Кога 150 учесници пристигнаа во селото Вевчани, ги пречекаа љубезните жители на селото, а искусниот водич им ги раскажа легендарните приказни за ова место. Недопрената природа, автентичниот амбиент, традиционалната храна, љубезноста на мештаните, сѐ беше подредено на она што значи македонско, исконско, вековно.

Учесниците ја започнаа прошетката од сред село, додека водичот ја раскажуваше легендата за настанокот на селото. Легендата вели дека Вевчани е стара населба која ја основале браќата Калан и Алула. Тие биле примамени од убавината на Вевчанска река, па основале две населби, кои опстанале и до ден-денес. Мијачките корени ги направиле вевчанци вредни и вешти градители, за што потврда се старите автентични македонски куќи кои пленат со својата убавина. Прошетката продолжи кон Вевчанските извори пратена од звукот на водата од седумте извори и приказната за надалеку познатиот Вевчански карневал, стар околу 1.400 години.

Вечерта се вратија дома полни со импресии за убавината на селото Вевчани, а помислата на она што го видоа и доживеаја им измами насмевки на лицето и ги наврати во миговите на вистинските природни убавини.

Активноста „Мапа на културата“ за запознавање на вистинските вредности на нашата татковина се одвива преку рамките на Платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...