Брендот „Hugo Boss“ прославува 15 години постоење кај нас. Во тој повод се подготвени многубројни активности, рекламна кампања во соработка со „Порше Македонија“, промоции, коктел настан и сѐ што е потребно за еден совршен роденден.
Во периодот од 13 до 16 ноември искористете го роденденското намалување од -20 % на есен-зима ’19 колекција во продавницата на „Hugo Boss“ лоцирана на улица Македонија.
– На 15 ноември со почеток од 19 часот со коктел настан ќе прославиме 15 години постоење на брендот „Hugo Boss“. Присутните гости ќе можат да уживаат во звуците на клавир и гласот на Јане Дунимаглоски, да го погледнат најновото porsche кое ќе биде изложено пред самата продавница, да се забавуваат и заедно да прославиме уште една успешна година од постоењето на „Hugo Boss“ кај нас – велат организаторите.
„Hugo Boss“ е бренд со совршена хармонија на елеганција, брзина и адреналин. Дизајнирано за мажи кои сакаат да ја истакнат својата фигура и да уживаат во беспрекорниот германски крој. Пронајдете го вашето омилено парче во продавницата „Hugo Boss“ на улица Македонија во Скопје.
Биди Boss, биди Hugo Boss!