Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
„Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг“, соопштија од МВР.