14-годишно девојче прва жртва од грипот во земјава

1420

Четиринаесетгодишно девојче е прва жртва од грипот во земјава, потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето.

Како што наведуваат лекарите, девојчето имало и други заболувања.

Неделава има 3.600 новозаболени од грип што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...