14-годишно девојче од Куманово се обидело да се отруе со 20 таблети

744

Надлежните од одделението за педијатрија од кумановската болница пријавиле во полиција дека вчера кај нив родители донеле 14-годишно девојче од Куманово, кое испило 20 таблети.

Како што соопшти денеска СВР Куманово, девојчето било донесено во 10 часот во болницата и по укажаната лекарска помош е испратено во Клинички Центар Скопје.

За случајот е известен и јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...