Во Тетово вчера е спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. Со контролата било утврдено дека 14 возила имале неисправни сопирачки, едно истечена регистрација и осум биле со неизвршен технички преглед. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Соодветно се санкционирани и 4 други видови прекршоци.
Акциска контрола за техничка исправност на возилата, завчера од 9 до 13 часот била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација, поради што тие се исклучени од сообраќај и санкционирани со соодветни налози.