13 повредени во 16 сообраќајки во Скопје, „пајак“ кренал 43 возила

108

Тринаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 16 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, полицијата санкционирала двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

Од сообраќај исклучила и седум технички неисправни возила, шест нерегистрирани, едно возило поради претовар и 43 за непрописно паркирање. Специјалното возило „пајак“ подигнало 43 возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за непоседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, двајца за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...