12-годишно дете го удри струја од улична бандера

1371

Во Градската болница во Скопје вчера поплане било донесено повредено 12-годишно дете од скопското село Љуботен.

Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...