12-годишно девојче почина денеска од грип

957

Нова, четврта жртва од сезонскиот грип е 12-годишно девојче кое утринава починало на Клиниката за детски болести и фебрилни состојби во Скопје, каде било примено пред четири дена, потврди денеска д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Девојчето било болно и од церебрална парализа и од мускулна дистрофија.

Ова е втор смртен случај од грип за една недела. Претходниот е 86-годишен скопјанец кој починал од компликации на Клиниката за инфективни болести во минатата недела, а кај него не биле евидентирани други заболувања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...