Хамилтон со пол-позиција за ГП на Австралија

Хамилтон го освои првото место на стартната линија во последната брза обиколка, при што забележа време од 1:22,824 минути.

127

Луис Хамилтон со Мерцедес забележа најдобро време во квалификациите за Гран При на Австралија. Така британскиот пилот ја освои седмата и рекордна пол-позиција на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, надминувајќи го во рангирањето легендарниот Аиртон Сена.

Хамилтон го освои првото место на стартната линија во последната брза обиколка, при што забележа време од 1:22,824 минути. Резултатот му беше за 0,272 секунди подобар од оној на Кими Раиконен од Ферари.

Клубмскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас имаше несреќа уште во почетокот на третиот дел од квалификациите и на крајот остана само десетти. Себастијан Фетел со Ферари е на третата позиција. По него се наредија двајцата пилоти на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Рикардо сепак нема да стартува од петтата позиција, туку од осмата. Вчера тој беше казнет со враќање за три места на стартната линија поради прекршување на правилата при црвеното знаме за време на вториот тренинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...