Единаесетгодишно дете е повредено откако возејќи со велосипед се судрило со возило, вчера во 15.20 часот на крстосницата од регионалниот пат Гостивар кон селото Градец и локалниот пат за селото Пожаране.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(51) од селото Врапчиште и велосипед управуван од 11-годишен малолетник од селото Топлица. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.