11-годишно девојче повредено во Скопје

324

Единаесетгодишно девојче е повредено откако во него удрило возило вчера во 16.40 часот на крстосницата од улиците Кемал Сејфула и Крсте Асенов. Возилото „опел aстра“ било управувано од Н.М.(55) од Скопје.

Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...