Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар-Струга

Од АМСМ соопштија дека на дел од делниците симната е забраната за движење на тешки товарни возила: Гостивар - Кичево преку Стража.Кичево-Охрид преку Пресека, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос. На овие патни правци задолжителна е зимска опрема.

155

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на следниве патни правци: крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Тетово – Попова Шапка каде има забрана и за автобуси, соопшти АМСМ.

Од АМСМ соопштија дека на дел од делниците симната е забраната за движење на тешки товарни возила: Гостивар – Кичево преку Стража.Кичево-Охрид преку Пресека, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос. На овие патни правци задолжителна е зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Прилеп, Охрид и Неготино.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 km/h.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...