Тетовци со блокада побараа спас за Шапка

187

Педесеттина поддржувачи на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ дваесетина минути го блокираа патот што води кон зимскиот центар кај жичарницата во Тетово. На овој начин тие го искажаа своето незадоволство од, како што рекоа, несовесноста, неодржливоста, заборавените инвестиции и уништувањето на едно од најпознатите рекреативни места од самите локални и државни структури, објави Радио МОФ.

Претставникот на иницијативата Амбди Сулејмани, вели дека соседните туристички центри имаа милионски обрти, а Попова Шапка, со која управува ЕЛЕМ, спротивно на тоа има милионски годишни загуби.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...