Членови на семејството на новинарот и претседател на ЗНМ, Насер Селмани добивале закани по телефон од непознати лица, пренесе А1 он.
Тој денеска даваше исказ во Обвинителството во врска со заканите кои ги доби од братот на функционер на ДУИ, Бекир Асани.
– Додека бев на службен пат, непознати лица се јавувале кај мои роднини, и им се заканиле дека ќе го запалат целото семејство – вели Селмани.
Тој ги повика сите новинари да не се плашат и да ги пријавуваат заканите, а инстиуциите да ги расветлат случаите.