100 кубни метри растителен отпад од скопските ниви однесени во „Дрисла“

97
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Во акцијата на Градот Скопје за бесплатно собирање на растителниот отпад од нивите и стрништата за да се спречи нивното палење досега се пријавиле 38 лица. Во согласност со динамиката и планот на работа изминативе денови се расчистени 25 стрништа. Со пет камиони собрани се вкупно 100 кубни метри растителен отпад, кој е однесен на депонијата „Дрисла“. Денеска отпад се собира со помал камион од локации со помало количество отпадоци и се очекува сите пријавени стрништа да бидат расчистени до крајот на оваа недела, соопшти Градот.

Сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го одложи во „Дрисла“.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која почна кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата. Палењето стрништа, плевел и други растителни отпадоци ја уништува микрофлората и фауната во обработливиот слој на почвата – она што ја прави земјата жива, плодна и самообновувачка. Палењето стрништа и земјоделски површини во текот на летото е фактор кој има голема улога за избувнување пожари, коишто покрај огромната штета што ја нанесуваат на земјоделските култури, претставуваат и сериозна опасност за човечкиот живот.

Поради тоа, во периодот до 30 септември, Градот Скопје ќе им биде на располагање на сите земјоделци кои имаат каков било отпад од берба и со нивна помош бесплатно ќе биде отстранат од полињата за да се спречи негово палење.

Кампањата за едукација од штетните последици од палењето стрништа се спроведува во соработка со градските јавни претпријатија, УНДП и МДЦ-Ти.нет.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...