Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина и промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали, се дел од десетте чекори кои ќе треба да ги преземат компаниите членки на Сојуз на стопански комори.
Со нив, како што велат од Сојузот. ќе се подига свеста и ќе се инсистира на преземање мерки со кои се мотивираат и ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и климатските промени.
Од сојузот бараат и акција за справување со загадувањето и климатските промени пред институциите на локално и национално ниво но ќе работат и на:
- Подигнување на свеста кај своите вработени, партнери, добавувачи, потрошувачи, медиумите и други засегнати страни
- Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина
- Промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали
- Превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови
- Делуваат кон намалување на потрошувачката на енергија на работното место
- Одбираат обновливи извори на енергија за своите потреби и проекти
- Делуваат кон намалување на производството на отпад, рециклираат, вршат поправка наместо замена за нови предмети на работното место
- Поттикнуваат користење јавен и алтернативен транспорт
- Одбираат зелена инфраструктура и опрема според најновите еколошки стандарди, опрема која е ефикасна енергетски и одржлива
Според претседателската на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска компаниите директно придонесуваат за справување со загадувањето и климатските промени, но потребно е акцијата да биде масовна. Таа ги повикува компаниите да се вклучат во акцијата.
– Секој треба да оцени колку од овие активности ги спроведува во својата институција или компанија, помагајќи да стане поодржлива, а во исто време и помагате на државата и светот во акцијата против климатските промени – изјави Арсовска.
Македонија веќе со денови не се спушта од листата на држави кои се најзагадени во светот. Деновиве е меѓу првите 10 земји според светската страница за мерење на квалитетот на воздухот „АирВизуал“.