10 трикови кои ви откриваат дали медот што го купувате е природен

Иако само со детална анализа во лабораторија можно е да се провери вистинскиот состав на медот и да се утврди дали тој е 100 отсто природен, постојат некои трикови кои ќе можат да ви го откријат потеклото.

2063

Лесната достапност и големиот број производи на пазарот нѐ доведуваа нас како купувачи во забина, бидејќи во морето тегло на полиците треба да се избере онаа во која се наоѓа најздравиот мед, а не некоја мешавина која повеќе може да му наштети отколку да придонесе на нашето здравје.

Иако само со детална анализа во лабораторија можно е да се провери вистинскиот состав на медот и да се утврди дали тој е 100 отсто природен, постојат некои трикови кои ќе можат да ви го откријат потеклото на овој најприроден извор на здравјето.

Ова се 10 трикови кои ќе ви го олеснат изборот на најдобриот и најприродниот мед.

1. Прочитајте го составот на теглата

Кога ќе се најдете пред рафтот со теглите, задолжително обрнете внимание на етикетата, бидејќи читањето на составот е првиот чекор да се запознаете со производот што го купувате и со неговите состојки. Ќе ви помогне да ги откриете состојките за да го одберете квалитетниот мед кој не содржи адитиви. Произведувачите мора да го назначат составот на медот и да ја назначат количината на мед во пакувањето.

2. Природниот мед не е леплив

Добар тест ќе направите ако земете малку мед и го протриете меѓу прстите. Вистинскиот мед лесно се впива во кожата. Доколку остане леплив, значи дека содржи шеќер или вештачки засладувачи.

3. Карамелизирање

Неколку лажички мед ставете во сад и загрејте го на висока температура во микробранова. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенлив и полн со меурчиња.

4. Хартија

Неколку капки мед ставете на хартија, ако по некое време не ја пробие хартијата значи дека е чист. Во спротивно, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие хартијата само по неколку секунди.

5. Трикот на пчелите

Вистинскиот мед кој го произведуваат пчелите, мравките го заобиколуваат. Пробајте го истото и ставете мед во некое ќоше. Ако не го допрат мравките, значи дека е вистински.

6. Вода со мед

Ова е најлесен индикатор за правилниот состав на медот. Чистиот мед се згрутчува во водата и паѓа на дното на чашата, додека лажниот се растопува.

7. Пецкање во устата

Пецкање и благо воспаление на јазикот може да предизвика чистиот природен мед, додека лажниот нема никакво влијание на непцата.

8. Мед на леб

Намачкајте едно парче леб со мед. Ако лебот стане тврд, медот е целосно природен, ако само се навлажни неговата површина, значи дека е лажен, поради големиот процент вода во неговиот состав.

9. Жолчка од јајце

Измешајте една жолчка со малку мед. Ако е вистински, кога ќе ги изматите жолчката ќе изгледа како варена.

10. Кристализација

Природниот мед по извесно време се кристализира, додека вештачкиот и по долго стоење го задржува течниот состав.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...