10 симптоми на болести на тироидната жлезда: Ова сите би требало да го знаеме!

Тироидата одредува колку брзо ќе ги согоруваме калориите и колку брзо ќе ни чука срцето, а исто така, ја воспоставува и хормонската рамнотежа во нашето тело.

2830

Многу често, кога луѓето ќе достигнат одредена возраст, почнуваат да имаат проблеми со тироидната жлезда.

Штитната жлезда е одговорна за регулација на метаболизмот во телото. Тироидата одредува колку брзо ќе ги согоруваме калориите и колку брзо ќе ни чука срцето, а исто така, ја воспоставува и хормонската рамнотежа во нашето тело.

Трите најчести болести поврзани со тироидната жлезда се хипотиреоза, хипертиреоза и создавање таканаречени нодули во овој орган. Секој проблем ги погодува органите на различни начини, меѓутоа, имаат заеднички симптоми кои може да нè предупредат.

10 најчести симптоми на болести на тироидната жлезда што сите мора да ги знаеме:

Замор

Ако чувствувате замор, иако сте спиеле 8 до 10 часа, тогаш најверојатно имате проблем со тироидната жлезда.

Нагло губење или зголемување на телесната тежина

Ако нагло сте се здебелиле, тоа може да биде знак на хипотиреоза, а ако нагло сте изгубиле килограми тоа може да укаже на хипертиреоза.

Промени на расположението

Ако одеднаш почнете да чувствувате анксиозност и необјаснива меланхолија што потсетува на депресија, тоа може да биде знак дека тироидната жлезда не работи како што треба.

Болка во разни делови од телото

Ненадејна болка во мускулите, зглобовите, тетивите, може да укажува на хормонско нарушување.

Проблеми со репродуктивниот систем

Хормонската неурамнотеженост може да предизвика проблеми со зачнувањето, силни менструации, но и исчезнување на сексуалната желба.

Студ

Ако често ви е ладно, односно рацете или нозете ви се студени, тоа може да е знак на лоша работа на штитната жлезда.

Проблеми со косата, кожата, ноктите

Сувата кожа, губењето на коса и испуканите нокти се вообичаени симптоми на хипотиреоза.

Запек

Забавената работа на метаболизмот е тесно поврзана со проблемите со тироидната жлезда.

Когнитивни проблеми

Лошото помнење, лошата концентрација и слично, се сигнали дека штитната жлезда не функционира како што треба.

Грло/глас

Ако имате проблеми со штитната жлезда, најверојатно жлездите се отечени што може да предизвика болка во грлото, засипнатост, ‘рчење и слично.

Ако имате поголем број од наведените симптоми, не одолговлекувајте, туку навреме посетете лекар за да почнете со соодветно лекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...