10 метачки на ѓубре и 80 нови работници за почист Аеродром

579

Општина Аеродром денес во паркчето кај споменикот „Јане Сандански“ ја претстави новата реорганизација на комуналната служба со цел обезбедување почисти јавни површини на целата територија, соопшти Општината.

Во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и расчистување мини депонии, како и 10 специјални возила, т.н. „метачки на смет“ и цистерни за миење на улиците и на јавните пешачки површини.

– Ангажирани се и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота во целост се зголемува од 120 на 200, со цел да се постигне поголема ефикасност на новиот начин на работа, а во служба на граѓаните. Идејата на оваа реформа е, всушност, поефикасно и побрзо решавање на проблемите од аспект на хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување, стои во соопштението.

Општина Аеродром го отвори и телефонскиот број 075 316 515 на кој ќе може да се пријавуваат нечистотиите, со цел нивно поефикасно санирање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...